Најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов викендов ќе ја делат правдата на средбата Кјелце – Кил, натпревар од групата во која се наоѓа и Вардар.

Кил е лидер , Кјелце е на 4 место, со три бода предност во однос на Вардар кој е на 5. место.

Начевски и Николов практично го судат еден од најинтересните мечеви викендов во Лигата на шампионите.