Михаел Видерер остана претседател на ЕХФ на денешниот конгрес во Виена на кој беа бирани членови на сите раководни тела во ракометот.

Првиот човек на ЕХФ немаше противкандидат па беше реизбран по втор пат.

Сепак, она што е поважно за македонскиот ракомет е новиот, веќе трет мандат за Драган Начевски, како прв човек на судиското тело во ЕХФ.

Начевски имаше противници на патот кон третиот мандат, за претседател на судиската комисија конкурираа уште Јиржи Конечни, Денис Рибел и Јута Волф, но довербата одново ја доби македонскиот претставник.

Како прв човек на судиите, тој е член и на натпреварувачката комисија при ЕХФ, чиј претседател е Србинот Божидар Ѓурковиќ.