Еден од најдобрите ракометари на сите времиња, Никола Карабатиќ не е задоволен во ПСЖ, па се шпекулира дека Французинот прави се за да се врати во Барселона.

Во период од 2013 до 2015 година Карабатиќ со успех го носеше дресот на Каталонците, а иако сака да се врати во Барселона, сепак првите информации се дека Каталонците не размислуваат за такво нешто. Наводно, причината за такво нешто се годините на Карабатиќ, но постои простор за договор меѓу двете страни.

Француските медиуми пишуваат дека Карабатиќ е само уште еден во серијата незадоволни ракометари во ПСЖ кои не успеаа да стигнат до Европската титула и покрај огромните вложувања и засилувања кои ги доведе раководството.

Единственото финале во најелитното ракометно натпреварување „светците“ го играа во 2017 година против Вардар, меч кој го загубија со 24-23.