Милан Поповиќ го продолжи договорот со РК Металург на една година и со ова продолжи одличната работа во „Автокоманда“. По трите нови засилувања, на нова едногодишна верност се обврза играчот кој во оваа сезона која веќе е зад нас постигна 81 гола.

„Црногорскиот репрезентативец Милан Поповиќ, кој игра на левокрилната позиција, ја продолжи соработката со Металург.Поповиќ во Металург дојде минатата година од Пелистер, а оваа сезона до прекинот беше најдобар стрелец на Металург, со 81 постигнат гол во 17 одиграни кола.“ – соопштија од Рк Металург.

Предходно Металург ги договори ангажманите на Момир Рниќ, Бранко Канкараш и Никола Потиќ.