Во 16. коло на француското првенство, Нант извојува гостинска победа против екипата на Данкерк, кого го совлада со катастрофални + 19, 15:34 (3:16).

Неверојатно беше првото полувреме во кое домашниот тим постигна само 3, а прими дури 16 голови. После вакво полувреме исходот од средбата беше јасен, па второто полувреме мина во мирна и рутинска игра на Нант.

Зачудува тоа што на еден таков натпревар Кире Лазаров остана без постигнат гол, што е вистинска реткост. Нашиот репрезентативен капитен имаше лош шут, упати четири удари без да постигне гол.

По овој натпревар Нант се зацврсти на втората позиција и е на 6 бода од првото место на ПСЖ. Нант има скор од 13 победи и 3 порази.