Нант и капитенот на нашиот национале тим ги освоија бодовите во натпревар од првото коло на групната фаза на ЕХФ Купот. На свој паркен Нант го совлада Адемар Леон, со резултат 34:27 (17:16).

Победата е убедлива, но извојувана е дури во последната третина од средбата, откако во претходните 40 минути се водеше израмнета борба.

Кире Лазаров средбата ја заврши како трет стрелец, со 6 постигнати гола. Најдобар беше Ривера, со 9 гола, додека Мине погоди 7 пати.