Во третото коло на ЕХФ Купот во групата „Ц“ се сретнаа екипите на Нант и на Магдебург. Тоа беше и дуел меѓу двајцата наши репрезентативни бекови, Кире Лазаров во дресот на Нант и Филип Кузмановски во боите на Магдебург.

Двете екипи во овој натпревар влегоа со максимални 4 бода од првите две кола, па меѓусебе го решаваа лидерот на табелата.

Помалку изненадувачки, Нант не успеа да го искористи домашниот терен и ја загуби средбата со резултат 28:31 (9:15). Решавачка беше лошата игра на домашниот тим во првото полувреме.

Кире Лазаров и денеска беше неоспорен лидер на Нант и со 6 гола беше најдобар стрелец во својот тим. Филип Кузмановски, пак, средбата ја заврши со 3 постигнати гола.

Овие две екипи ќе се сретнат и во следното коло, но овој пат на теренот на Магдебург.