Македонија со денешната победа обезбеди меч со Исланд за петтото место на ЕХФ шампионатот кој се игра во Скопје. Нашите млади ракометарки беа подобри од Финска со 31:25 во разигрувањето за пласман од петтото до осмото место.

Победникот беше одлучен во второто полувреме откако првиот дел заврши без победник 11:11.

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски во првите десет минути од второто полувреме дојдоа до предност од 18:13 и до крајот на средбата ја одржуваа предноста за на крајот да слават со конечни 31:25.

Јанкуловска и Коларовска постигнаа по седум голови, додека Седлоска даде пет гола за Македонија која утре од 13 часот ќе игра против Исланд во напреварот за пласман на петтото место.