Натпреварот од 9. коло од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите меѓу Мешков и Вардар закажан за 23 ноември 2019 година ќе се игра во нов термин, информираат од РК Вардар.

Наместо во 18 часот како што досега беше закажано, натпреварот ќе се игра во 17,30 часот (19,30 по локално време).

Средбата со Мешков треба да се игра во Брест, Белорусија.