Интересен ден одбра раководството на Нексе за првата четврт-финална средба со Вардар во СЕХА-лигата – 8 март.

Реваншот, пак, ќе се игра на 15 март во салата „Јане Сандански“.

СЕХА-лигата ги објави датумите за сите четврт-финални дуели:

Први средби:

07 март, 15:00 ч.:  Брест Мешков/Пекинг – Мотор
07 март, 17:15 ч.:  Татран Прешов – Загреб
08 март, 13:00 ч.:  Војводина – Веспрем
08 март, 17:00 ч.:  Нексе – Вардар

Втори средби:

11 март, 20:00 ч.:  Загреб – Татран Прешов
12 март, 17:00 ч.:  Мотор – Брест Мешков/Пекинг
14 март, 19:00 ч.:  Веспрем – Војводина
15 март, 20:15 ч.:  Вардар – Нексе

Победниците од овие пресметки ќе обезбедат настап во Ф4 на СЕХА-лигата.