Нема крај на проблемите со Ковид-19, РК Металург пријави двајца позитивни на коронавирус во своите редови.

Металург има  двајца позитивни на коронавирус, хаосот со позитивни во ракометниот спорт продолжува.

“РК Металург до денес успеваше да се заштити од Ковид 19 и искрено бев среќна поради тоа. Сведоци сме дека последните денови вирусот нападна преголем дел од населението, како и ракометните клубови. Исклучок не е ни Металург. Од последното тестирање во минатата недела до денешното, за жал имаме два позитивни случаи, од кои еден е играч, а еден е член на стручниот штаб. И двајцата се без симптоми и се во добра здравствена состојба. Ќе ги испочитуваат протоколите и ќе останат во изолација до следното тестирање за 10 дена. Им посакувам брзо оздравување. Сите други се тестирани и се негативни. Најодговорно тврдам дека сите мерки за заштита беа запазени, а играчите, стручниот штаб, како и управата максимално се придржуваа на препораките“-изјави претседателката на Металург Зорица Блажевска.