Меѓународниот Олимписки Комитет (ИОК) упати низа сугестии, што побрзо да се ревидира законот за спорт во Македонија, во спротивно следува целосна суспензија на македонскиот спорт.

ИОК бара од Македонија законската регулатива во спортот да биде корегирана со цел да им се овозможи  на федерациите автономност во работењео, елиминација на било каква можност од политичко влијание и неутралност.

Доколку не се почитуваат препораките на ИОК следува суспензија на македонскиот спорт, тоа значи дека машката ракометна репрезентација на Македонија нема да настапи на ЕП во Австрија.

Секако ова не се однесува само на машката репрезентација, сите репрезентации, екипни и во поединечниот спорт ќе немаат право на настапа на ниту едно големо натпреварување.

ИОК бара средба со авторитети од власта, Македонскиот Олимписки комитет, Агенцијата за млади и спорт како државно тело, предлогот за состанок е Лозана каде ќе се договори динамика на менување на спортската регулатива која ќе биде ускладена со таа на Меѓунардниот Олимписки Комитет.

Заканата е сериозна и реална, време за решавање на овој проблем кој се провлекува долго време нема многу, ризикот е огромен, суспензијата ни чука на врата.