Вардар е се уште актуелен клупски ракометен шампион на Европа. На денешен ден минатата година црвено-црните ја победија Барселона во Келн и закажаа финале со Веспрем.

Речиси никој не го запишуваше Вардар како можен финалист во Келн лани на Ф4, сепак македонскиот шампион порача, никогаш не го отпишувајте Вардар !

На три минути до крајот 26-26, следуваа победнички моменти за Вардар, Дуарте добива исклучување и црвен картон по стартот врз Криштопанс. Карачиќ поентира, Барселона не користи напад…

Криштопанс постигнува гол, ја најави победата,  а капитенот Стоилов ја потврди со гол за 29-27  и пласман во големото финале!