На Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола беше одржан  55-тиот  „Избор на најдобри спортисти на Битола за 2019 година“, во организација на Сојузот на спортови на Битола и Општина Битола.

Митревски беше избран за најдобар голман во СЕХА лигата, а притоа беше и еден од најдобрите во тимот на Еурофарм Пелистер и во настапите во Лигата на шампиони.

Добив признанија и претходно, но ова е јаготката на шлагот на тортата. Посебна чест и признание е оваа награда бидејќи ја добив во мојот роден град“-истакна репрезентативниот голман на Македонија.