Ракометната репрезентација на Норвешка славеше во  „малото финале“ против Словенија со убедливи 28-20 и стигнаа до првиот медал од некое Европско првенство во својата историја.

Скандинавсците успеаа да се мобилизираат по вчерашниот тежок пораз во полуфиналето од Хрватска и со победа да ги залечат раните и да ги израдуваат своите фанови.

Јондал со седум гола беше најефикасен со кај Норвешка,  Бјорнсен даде пет, додека Сагосен и Јохасен имаа по четири. Кај Словенија  Бомбач беше најистакнат поединец со пет погодоци.