Битола од следната сезона ќе има сериозно конкурентен тим во меѓународни рамки. Ова е заклучокот од денешната седница на Советот на градот кој е желен за врвен ракомет.

Еурофарм Работник денеска достави „платформа за ракометна Битола“ со која бара да ги откупи акциите на РК Пелистер.Според барање, Еурофарм Работник би имал 75% од акциите а 25% би останеле во сопственост на општината.

Во целиот проект кој би требало да почне од следната година ќе бидат вклучени и моќни компании од Битола со цел буџетот на новиот клуб да има буџет од повеќе од 1 милион евра.

Општината би финансирала по 250 000 евра годишно а остатоткот ќе биде обврска на Еурофарм Работник и на компаниите-партнери.

Покрај првиот клуб кој ќе се вика Еурофарм Пелистер, ќе се формира и втор клуб наменет за младински ракомет. Сето ова треба да биде потврдено на следната седница на Советот на општина Битола закажан за во четврток.

На овој состанок покрај останатите детали ќе се договори и за тоа кои ќе бидат клупските бои на новиот Еурофарм Пелистер, клубот кој допрва треба да добие потврда за новото име.