Арпад Штербик годинава замина во пензија, но легендарниот голман ќе остане во ракометот како тренер на голманите во унгарски Веспрем за кои настапува во моментов.

Оваа информација ја потврди предводникот на Веспрем Давид Дејвис, по што Штербик ќе има шанса да се покаже и како одличен тренер. Инаку, во март тој се повлече од ракометот, одлука која ја донесе принудно поради  пандемијата со Коронавирусот.

За потсетување, Штербик беше дел од тимот на Вардар, кој минатата година стигна до Европскиот трон.