Во Старе Јаблонки , Полска заврши групната фаза од ЕП во ракомет на песок. Двете наши репрезентации и денеска загубија по две средби и групната фаза ја завршија на последното место во своите групи.

Нашите две репрезентации сега ќе продолжат со натпреварите за пласман од 13. до 20. места.

Мажите денес загубија најпрво од Хрватска со 0:2 по сетови 17:32 и 17:28 ,додека вториот пораз беше идентичен сега од Швајцарија со 0:2 по сетови 13:22 и 18:19.

Во новата група нашите ракометари ќе се сретнат со репрезентациите на Романија, Португалија и Шведска.

И дамите имаа лош ден.Данска прво не совлада со 0/2 по сетови 9-28 и 15-28 ,додека во вториот меч од програмата загубивме од Украина со 1-2 по сетови 15:26, 23:22 и 6:8.

Во новата група нашите ракометарки за пласман ќе разигруваат со селекциите на Турција, Кипар и Швајцарија.