Светското клупско ракометно првенство во организација на ИХФ, на кое учество ќе земе и РК Вардар ќе го пренесува ТВ Телма.

„Походот на ракометарите на Вардар на титулата Светски клупски шампион ќе имате можност да го следите ексклузивно на програмата на Телма. Нашите ракометари утре во четврт-финалето на турнирот ќе се соочат со победникот од мечот Ал Мудхар – Њујорк Сити, а стартот на натпреварот е закажан за 19 часот. “информираат од Телма.

РК Вардар атакува на првата титула од ова натпреварување на кое најголем конкурент му е Барселона, бранителот на круната.