Македонскиот европски ракометен шампион Вардар е четврти фаворит во трката за европскиот врв оваа сезона според светските спортски обложувалници кои ги истакнаа коефициентите пред почетокот на машката ракометна ЛШ.

На Вардар му се дава коефициент 12, дека може да го направи тоа што не му успеало на ниту еден друг тим во Келн, да ја одбрани шампионската титула.

Според обложувалниците прв фаворит е ПСЖ на Раул Гонзалес, со 2.26 коефициент. Втора на листата е Барселона 3.20, додека унгарскиот Веспрем на Давид Дејвис е трет, со коефициент шест.

Најмалку шанси за освојување на Лигата на шампионите му се даваат на нашиот втор претставник, дебитантот Еурофарм Работник 4001, кој е во друштво со финскиот Кокс и руски Чеховски Медведи.