Еурофарм Пелистер ќе гостува во рамките од петтото коло во групата „Д“, а ривал е Спортинг од Португалија кој моментно е водечки во групата „Д“ со шест бодови, еден повеќе од битолчани на втората позиција. На третото место е Ним со исто така пет бодови, четири има АЕК, а на последните две места со по два бода Кадетен и Татабања.

Мечот ќе започне од 20.45 часот, а истиот ќе го судат Словаците Михал Бадура и Јарослав Ондогрекула. Делегацијата на Е. Пелистер со авионски лет преку Минхен, денеска попладне ќе пристигне во главниот град на Португалија.

Играчот на битолската екипа, Немања Обрадовиќ вели дека ќе се обидат да ги спречат тие таканаречени лесни голови и полуконтри на противникот.

„Имаме самодоверба и победничко чувство. Лутавме на натпреварот против Ним, но потоа ја најдовме нашата форма. Спортинг е интересна екипа, но далеку од тоа дека не можеме против нив. Игравме на нивни терен, можеби тоа е мала предност, но далеку од тоа дека не сме спремни и дека нема да играме во Лисабон на победа. Мислам дека имаме шанса и ако го исполниме договореното, имаме шанса за еден или два бода“– изјави Обрадовиќ.