ППД Загреб, конечно ја најде замената на Веселин Вујовиќ, кој го напушти хрватскиот гигант. Нов предводник на Загребчани ќе биде Игор Вори, кој по завршувањето на играчката кариера се впушти во тренерските „води“.

Претходните денови се шпекулираше низ хрватските медиуми дека поранешниот селектор на Македонија, Ивица Обрван ќе биде нов тренер на Загреб, но одлуката на раководството падна на Вори.

Вори ќе има исклучително тешка задача во која останува да се види како ќе се снајде. Тој ќе ги започне подготовките со тимот за новата сезона,  која ќе биде многу потешка поради згуснатиот распоред, кој е предизвикан од пандемијата на Коронавирус.