Веднаш по веста за враќањето на репрезентативниот голман Борко Ристовски во Вардар, дојде и сосема очекуваната информација за заминувањето на летонскиот голман Артурс Кугис.

За разлика од сите други заминувања, Вардар најлесно ќе го преболе Летонецот, бидејќи во овие неколку месеци во тимот на европскиот шампион тој не остави никаква трага и беше едно од најлошите засилувања во редовите на „црвено-црните“.

Со доаѓањето на Ристовски, Вардар повторно ќе има четири голмани, па покрај Борко ќе ги има Калифа Гедбан, како и младите надежи Кизиќ и Гогов.