Македонскиот ракометен репрезентативец и капитен, Кирил Лазаров повторно е дел од тренин-процесот на Нант, откако успешно се справи со Ковид-19 вирусот.

Според последните информации од Франција, Лазаров добил негативен Ковид-19 тест и веќе е дел од ракометарите кои може редовно да тренираат и да бидат на располагање на тренерот Ентрериос.

Лазаров утре ќе има нова рунда лекраски прегледи, по што и официјално ќе добие дозвола за редовен теренинг и настап за Нант.

Покрај нашиот капитен, негативен Ковид-19 тест добил и шпанецот Фигерас кој десетина дена заедно со Лазаров беше во изолација.