Денеска беа одредени групите за 47. издание  на традиционалниот ракометен турнир во Струга. Македонија ќе ја претставуваат три екипи,домаќинот Струга, Еурофарм Работник и Бутел.

Три екипи доаѓаат од странство, АЕК од Грција, Ескилстуна од Шведска и Прлетер Зрењанин од Србија.

Натпреварите започнуваат следната недела, финалето ќе се игра на 17. август.