Македонската ракометна легенда Стевче Алушовски и Еурофарм Работник се договорија за спогодбен раскин на соработката.

Еурофарм Работник под водство на Алушевски оваа сезона не ги оствари очекувањата на управата и сега е во потрага по нов тренер.

„Управата на РК Еурофарм Работник денес спогодбено ја прекина соработката со досегашниот прв тренер на клубот г-дин Стевче Алушовски. На вечерашниот состанок заеднички е констатирано дека во интерес на клубот и понатамошните настапи на екипата во ЛШ и СЕХА лигата најдобро е да дојде до прекин на соработката. Управата на РК Еурофарм Работник му се заблогодарува на досегашниот ангажман на г-дин Стевче Алушовски, му посакува многу здравје и понатамошни спортски успеси.“ – стои во соопштението на Еурофарм Работник.