Ракометна Битола во наредните години ќе се гордее со новонастанатиот клуб Еурофарм Пелистер. По неколкумесечните преговори и напори  раководствата на Еурофарм Работник и РК Пелистер утрово постигнаа договор и градот на конзулите го доби Еурофарм Пелистер.

Првите лица на „фармацевтите“ и Општина Битола, ставија потпис на долгоочекуваното спојување на двата клуба од кој се очекува да постигнува резултати какви што заслужуваат навивачите во Битола.

Со овој договор Битола останува со два ракометни клуба и тоа првиот кој ќе се натпреварува во СЕХА лигата и европските натпреварување ќе го носи името Еурофарм Пелистер, додека вториот кој игра во Суперлигата ќе се вика Еурофарм Пелистер 2.

Буџетот на Еурофарм Пелистер се очекува да изнесува најмалку 60 милиони денари, односно 1 милион евра.