Ракометната федерација на Македонија потврди дека Милчо Чакарески не е повеќе директор на машките репрезентации.

„Ракометната федерација на Македонија ја известува спортската јавност дека во координација со директорот на машките репрезентации г-дин Милчо Чакарески, заеднички донесоа одлука за прекин на досегашниот ангажман.  

Г-дин Милчо Чакарески ја извршуваше функцијата спортски директор во период од март 2016 до септември 2019, поради персонални професионални ангажмани г-дин Чакарески се повлекува од функцијата во стручниот штаб на машките ракометни репрезентации.

Во периодот кој следува УО на РФМ ќе постави нов вршител на функцијата.“ – соопштија од РФМ.