Откако Раде Стојановиќ потврди дека останува на кормилото на РК Охрид, раководството се насочи кон задржување на играчите кои беа одлични во сезоната која предвреме заврши поради Ковид-19.

Никола Даниловски и Мартин Манасков потпишале оедногодишни договори. Преговорите поминале без пречки и брзо бил постигнат договор меѓу двете страни. Наското ќе има потврда и за продолжување на соработката со уште неколку ракометари.

Предходно на нов договор се согласија и интернационалците, Јарош Брауновиќ, Денис Тот и Филип Кривокапиќ.