Екипата на Еурофарм Пелистер 2 го потврид ангажманот на репрезентативецот на Македонија, Димитар Димитриоски кој потпиша едногодишен договор со тимот предвеоден од Александар Јовиќ.

„Македонскиот репрезентативец Димитар Димитриоски е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Овој ракометар се обврза на договор на една сезона и веднаш ќе се приклучи на подготовките со своите нови соиграчи и стручниот штаб на чело со Александар Јовиќ. Димитриоски доаѓа во Битола од Вардар 1961, клуб со кој минатата сезона ја освои Суперлигата и Купот на Македонија. Во новата средина Димитриоски ќе ја смени и својата улога и ќе игра на позиција среден бек.“ – соопштија од Еурофарм Пелистер 2.

23-годишниот ракометар досега играше за Металург и за Вардар, официјалната промоција во новиот клуб е закажана за до крајот на оваа недела.