Комапнијата Еурофарм и дефинитивно ќе ги откупи акциите на РК Пелистер. Ова беше изгласано на вонредната седница во Општина Битола.

Од денес, битолчани ќе ги претставува новоформираниот тим кој ќе биде именуван Еурофарм Пелистер. Власта гласаше „за“, а опозицијата остана воздржана за проектот кој треба да го врати ракометот на старите патеки во градот на „конзулите“.

Градоначалничката Наташа Петровска и компанијата Еурофарм наскоро ќе пристапат кон потпишување на договорот. Ова значи дека постоечката екипа на „зелено-белите“ ќе биде преименувана во Еурофарм Пелистер 2.

Оваа сезона боите на дресовите на екипата нема да бидат менувани, додека од наредната покрај сино-бела, тимот ќе настапува и во зелено-бела комбинација.