Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски на две години до истекот од договорот со Магдебург одлучил да ја менува средината.

Ова го потврдија од бундеслигашот а договорот бил спогодбено раскинат.

„Магдебург потврдува дека договорот со Филип Кузмановски ќе биде раскинат на 20 јуни 2020.“ – стои во краткото клупско соопштение.

„Благодарен сум што Магдебург ми овозможи да си ја остварам мојата желба. Овој клуб ми даде шанса да играм во Бундеслигата, ние дефинитивно ќе останеме во контакт и можеби повторно ќе соработуваме во иднина. “ – изјави Кузмановски.

Во меѓувреме од Хановер потврдија дека се договориле со Кузмановски за соработка до јуни 2023 година а во новиот клуб, бекот ќе се приклучи по завршувањето на оваа сезона.