Македонскиот репрезентативец, Филип Талески во следнат сезона ќе биде дел од РК Вардар. Понудата од новото раководство предводено од Михајло Михајловски била доволно привлечна за Талески кој предходно најавуваше останување во Германија.

Талески со ангажманот во РК Вардар ја потврди амбицијата на Михајловски да состави респектабилен тим кој и во следната сезона ќе биде конкурентен за настапот во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Талески се прослави во редовите на Металург по што се пресели во Германија, приказната во Бундес лигата не мина најславно, па новиот ангажман во Скопје е одлична можност за ново докажување на ракометарот кој беше најавуван како новиот „Кирил Лазаров“.