Хрватскиот интернационалецот, Јосип Божиќ Павлетиќ од денеска е нов играч на Еурофарм Пелистер.

Десното крило е конкуренција за Радовиќ и Костески. Има 26 години а во битолскиот тим е четврти ракометар од Хрватска.

„Повикот на Бабиќ дојде случајно. Доаѓањето во овој клуб го гледам како напредок во мојата кариера. Клубот е амбициозен, расте секоја година и мислам дека ги имаме сите предуслови за одлична сезона. Кратка беше моја пауза. Бундеслигата траеше скоро до први август. Но, не се жалам. Професионалец сум и одиме понатаму. Ни следат многу натпревари, ќе има минутажа за секого. Мораме да размислуваме натпревар по натпревар, против секого да играме на победа, па ќе видиме каде ќе дојдеме.“ – изјави хрватскиот интернационалец.

Павлетиќ ќе дебитира за новиот клуб на 11 август против Вардар 1961 во Суперкупот на Македонија кој ќе се игра во Скопје.