Европскиот првак, Вардар до крајот на сезоната ќе биде посилен за  голманот Борко Ристовски и младиот Марко Мишевски, кои се враќаат во составот на „црвено-црните“.

Репрезентативниот голман во два наврати беше дел од Вардар и тоа од 2001 до 2003 година, а потоа од 2010 до 2012 година. Во таборот на европскиот шампион доаѓа од тимот на Бенфика.

Мишевски, е ракометар кој изникна во младинската школа на Вардар и до лани го носеше дресот на најтрофејниот македонски тим, но замина во Франција, поточно во тимот на Гренобл како би стекнал што поголемо искуство.

Овие двајца се очекува да бидат од голема помош во рамки на СЕХА лигата и Лигата на шампиони, во кои Вардар ги брани трофеите.