Македонската машка ракометна репрезентација и официјално го освои 23 место на Светското првенство во Египет.

Ова го потврди Бразил кој ја победи селекцијата на Уругвај со 37:17 што за Македонија значи пласман на 23 позиција во конкуренција на 32 селекции кои учествуваа на овој Мундијал.

Македонија во главната фаза не успеа да забележи ниту една победа, три од три порази додека во првата фаза успеа да го совлада само Чиле.

Македонија на ова СП отпатува во последен момент како замена за Чешка која поради Ковид-19 го откажа своето учество.