Денеска на прес конференција на тимот од Автокоманда  беа промовирани двете нови засилувања , близнаците Кевин и Оливие Ниокас.

35-годишните експерти од францускиот ракомет, Оливие Ниокас и Кевин Ниокас пристигнаа во Металург. Првиот доаѓа од Нант каде играше со Кирил Лазаров, додека вториот беше дел од Бенфика.

Оливие настапува на левата бековска позиција, додека Кевин е десен бек. И двајцата се со богато меѓународно искуство, па сигурно е дека за тренерот Марковски ќе бидат од голема помош.

Претходно тимот од Автокоманда ги продолжи договорите со десното крило Златко Хорват и со тренерот Иван Марковски, кој не го криеше задоволството од новите засилувања и на пресот на Металург попладнево излезе со свое видување.

„За мене како тренер е голема чест што од денеска ќе ги имам браќата Ниокас во својот тим. Јасно е за какви играчи станува збор, ракометари кои го носеле дресот на Франција и не се сомневам дека ќе бидат од огромна помош. Овие трансфери се доказ дека Металург е сеуште жив и планриа враќање онаму каде што му е местото. Од браќата Ниокас голем плус ќе имаат и младите играчи кои ќе имаат што да научат како на натпреварите, така и на на самите транинзи“, изјави тренерот на Металург.