Откако од СЕХА лига најавија дека се одложени предвидените натпревари, од РК Вардар потврдија дека и дуелот со Пик Сегед во Лигата на шампиони е откажан поради новонастанатата состојба со Коронавирусот.

„Стигна информација дека натпреварот со Нексе е откажан а потоа пристигна инфо и од ЕХФ дека сите натпревари во ЛШ се откажани. Повеќе информации на оваа тема немаме, ние ќе ги почитуваме препораките од Владата.“ – изјави Давор Стојановски извршниот директор на РК Вардар.

Вардар требаше да игра против Пик Сегед на 22 март во воведниот натпревар од осминафиналето од ЛШ додека со Нексе во СЕХА лигата ги очекуваше реваншот од четвртфиналето.