Поранешниот ракометен првак на Македонија, Металуег заминува во карантин поради нови Ковид-19 случаи. Заразени во РК Металург со Ковид-19 според последното тестирање се тренерот Оливер Димитриоски и голманот Даниел Ѓорѓески.

„Металург повторно мора да замине во карантин, откако во нашите редови се дијагностицирани двајца позитивни на коронавирус. Поради тоа на клубот му е наложено да оди во изолација, бидејќи е можно и други ракометари да развијат симптоми. Металург во изолација ќе биде се до 16 декември. Поради тоа Металург не ќе може да ги одигра средбите со Чеховски Медведи во Лига Европа, закажани на 8 и на 11 декември, а ќе бидат одложени и планираните натпревари во македонската Суперлига. Металург има веќе 4 одложени средби во Лига Европа. Во сиот изминат период успеавме да одиграме само два натпревари во ова европско натпреварување.“ – потврдија од РК металург.

Можно е поради карантинот од 14 дена, Металург за следен предизвик во Европската лига да чека тек во следната година. Секако ова треба и официјално да биде потврдено.