Трет македонски ракометен клуб (по Вардар 1961 и Еурофарм Работник), нема да одигра натпревар под знакот на ЕХФ во оваа сезона поради Ковид-19.

Дуелот на Металург и Висла Плоцк во Европската лига е одложен откако тимот од „Автокоманда“ е во карантин.

ЕХФ го уважи барањето на Металург за одложување на натпреварот кој беше закажан за во вторник, 27 октомври. Ова дојде откако беше утврдено дека покрај Серафимов и едно лице од стручниот штаб, Ковид-19 има уште еден ракометар.

Вчера претседателката на Металург, Зорица Блажевска ја објасни позицијата во која се најде тимот на Кастратовиќ.

Поради втор позитивен случај со симптоми дијагностициран денес, а за кого резултатите од тестот пристигнаа во 19 часот, ја одложивме средбата со Младост од Богданци. Целиот тим на Металург, вклучително и стручниот штаб, ќе оди во изолација од 14 дена, поради незаштитен контакт со позитивниот случај. Секако ќе бараме одложување и на натпреварот со Висла во Лигата на Европа.“- изјави Блажевска за клупскиот сајт.