Шпанескиот ракометен тренер, Тони Џерона е нов селектор на машката репрезентација на Србија, информација која ја потврди управниот одбор на РС Србија.

Тој доаѓа на местото на Ненад Перуниќ, а во минатото беше предводник и на Барселона.

„Тони го познавам уште од времето додека играв во Барселона. Станува збор за голем тренер, професор на Универзитетот, беше дел од Барселона цели 15.години. Беше технички директор на сите селекции. Има искуство во правњењето пирамиди и работа со сите селекции, а не само за водење на А тимот“ – изјави потпретсеателот УО РСС Драган Шкрбиќ.