Ракометниот клуб Вардар го објави составот на играчи кои вечерва ќе настапат против Кил во “Јане Сандански”.

Капитенот на тимот, Столе Стоилов се најде во официјалниот состав.

Вардар има две победи против Кил во досегашните шест пресметки а последен пат се соочи на Супер глоуб турнирот ова лето кога „зебрите“ славеа со 34:30 во полуфиналето.