Ракометната Супер-лига следната сезона ќе биде составена од 14.екипи, по денешниот состанок на кој клубовите се решија за привремено проширување на елитното друштво, за од сезоната 2020/21 повторно бројот на екипи да се врати на десет. РФМ не успеа да  да ги вклучи Вардар и Пелистер во елитата од првото коло, но таквата иницијатива не вроди со плод, па токму затоа наместо планираните 16, во Супер-лигата ќе се натпреваруваат 14 екипи.

Следната сезона ќе играат сите десете екипи од оваа плус најдобрите две екипи од двете Први лиги Астарион, Тиквеш, Прилеп и КЛ7. Вторите екипи на  Вардар и Металург нема да бидат дел од Супер-лигата, а нивните места ќе ги пополнат третопласираните прволигашки тимови, Јуниор Кисела Вода и Младост Богданци.

Како што веќе беше најавено, Супер-лигата ќе биде поделена на две групи од по седум екипи, од кои најдобрите три од секоја група ќе се пласираат во плејофот, каде таму ќе им се приклучат Вардар и Пелистер, додека преостанатите осум ќе разигруваат за опстанок.