Екипата на Охрид убедливо го совлада Работнички со 37-27 во 11. коло од македонската Суперлига, победа по која се искачи на првото место на табелата.

Гостите од самиот старт на мечот имаа контрола врз резултатот и играта, а на полувреме заминаа со предност од 20-13. Вториот дел се играше во слично темпо и победата на Охрид во ниту еден момент не беше доведена во прашање, напротив на крајот Охриѓани славеја со 10 гола разлика, односно 37-27.

Охрид е прв на табелата со 28 бодови, односно два повеќе од второпласираниот Металург.