Поранешниот репрезентативец на Македонија, Гоце Ојлески ги повика битолчани да дојдат во салата „Боро Чурлески“ и да ги бодрат ракометарите на Еурофарм.

„Имавме долги и тешки припреми, но сега дојде време за официјални натпревари. За нас како клуб, но и за битолчани, мислам дека заслужуваме да бидеме дел од европската и регионалната елита. Битола е ракометен град и ја сака оваа игра. За дуелот со Спартак мислам дека добро се подготвивме и сите веруваме во успех. Сакам да ги поканам сите битолчани и сите вљубеници на ракометот да ни ја дадат поддршката и заедно да славиме многу победи“ – изјави Гоце Ојлески.

Натпреварот од 1 коло од СЕХА лигата меѓу Еурофарм Работник и Спартак Москва ќе се игра во среда од 20:45 во Битола.