Еурофарм Работник утре против Мешков Брест ќе се обиде да стигне до четвртата победа сезонава во СЕХА лигата.

Двата порази минатиот месец од ППД Загреб и Мешков Брест ги расипаа добриот старт во септември, но против директните конкуренти за второто место, екипата на Алушовски игра во Битола. Капитенот Гоце Ојлески верува во добар епилог од СЕХА сеозната.

„По загубените шанси во Лигата на шампионите, имаме многу подобра ситуација во СЕХА лигата. Играме добро во ова натпреварување и зошто тоа да не продолжи и понатаму. Знаеме дека Мешков Брест е долгогодишен член на СЕХА лигата, кандидат за висок пласман, па без разлика во каков состав ќе допатуваат, ќе бидат опасни“-изјави Ојлески.

Битолчани од 19 часот попладнево ќе го одржат последниот тренинг пред утрешниот меч, кој има огромно значење за понатамошниот дел од СЕХА лигата.