Македонскиот вицешампион Еурофарм Работник се наоѓа во резултатска криза, а веќе во сабота ги очекуа нов дуел во Битола од Лигата на шампиони и тоа против Бидасоа Ирун. Со исклучок на победата над Савехоф во седмото коло од групата Ц на Лигата на шампионите, екипата загуби на останатите натрпевари во октомври и ноември.

Во второто коло на дуелот во Баскија, битолчани покажаа дека можат да парираат против АСОБАЛ-лигашот.

„По еден турболентен период за нас, ни следи последниот натпревар од Лигата на шампионите сезонава. Бидасоа Ирун по мое мислење покажа најмногу и затоа е лидер во групата. Ним им ја даваме фаворитската улога в сабота. Ние веруваме дека ќе се издигнеме и со наш максимум можеме да ги победиме“- изјави капитенот Гоце Ојлески.

Австриските судии Бркиќ и Јусуфхоџиќ ќе го водат натпреварот в сабота од 17:30 часот.