Откако не им одеше во завршницата од пресметките со СПортинг, Савехоф и со Бидасоа, ракометарите на Еурофарм Работник ќе се обидат да покажат дека ја научиле лекцијата.

Битолскиот прволигаш посакува прв триумф во ЛШ на ЕХФ во деби сезоната а тоа ќе се обиде да го оствари во недела против Кокс.

„Жалиме за пропуштените шанси на претходните три натпревари, но сметам дека на овој дуел имаме шанси за победа. Имаме проблеми со повредени ракометари, уморни сме, но системот и календарот се такви. Сите кои сме дел од составот ќе дадеме максимум и нема да ја испуштиме шансата да славиме победа .“ – изјави Гоце Ојлески