Левиот бек на Украина и најдобриот стрелец на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, Владислав Остроушко, ја коментираше групата во која е и репрезентацијата на Македонија.

„Читам дека сите не сметаат за аутсајдери во групата. Тоа ќе биде наша дополнителна мотивација во желба да покажиме дека вредиме повеќе. Физички и психолошки сме подготвени за средбата со селекцијата на Македонија“. – изјави Остроушко.

Средбата меѓу Македонија и Украина се игра денеска, со почеток во 20.30 часот.