Како што јавува lequipe, францускиот селектор Дидие Динар доби отказ, по дебаклот на ЕП 2020.

На олимписките квалификации Франција ќе ја предводи неговиот асистент Гијом Жил.

Динар на клупата на Франција го наследи легендарниот Клод Онеста, но на „Триколорите“ не им донесе ништо освен две бронзи, по една на ЕП и на СП. Премалку за една ракометна велесила каква што е Франција.

По Кокшаров и Бебешко, кои самите си поднесоа оставка, Динар е третиот селектор кој се збогува со функцијата што ја вршел.